Додека неговиот „вечен“ ривал Конор Мекгрегор оваа недела доаѓа во посета на Москва, рускиот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов веќе е во Истанбул, каде што ќе го гледа вечерниот меч од ЛШ помеѓу Галатасарај и неговиот омилен Реал Мадрид.
Двата тима немаа најдобар старт на ЛШ, со само еден поен во првите два меча, и Хабиб може да има подвоени симпатии вечерва, бидејќи иако е јасно дека е навивач на Реал откако претходно доби дрес од Кристијано Роналдо (додека Португалецот беше во Мадрид), тој во младоста беше забележан и со дрес на Галата.
Хабиб, кој зборува турски, ја посети Турција и минатата година кога доби прием од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нурмагомедов беше и на првиот меч на Реал од ЛШ во Париз, кога „кралевите“ доживеаја незгоден 3:0 пораз од ПСЖ.
Madridista Khabib is in Istanbul. #UCL pic.twitter.com/kPaqYDvKXX
— M•A•J (@Ultra_Suristic) October 22, 2019