Top Sport

Скандал во Грција, хулигани на Олимпијакос повредиле навивачи на Баерн

Натпреварот во младинската Лига на шампиони меѓу Олимпијакос и Баерн Минхен кој се играше во Пиреја, Грција е прекинат поради инцидент предизвикан од домашните навивачи.

Баварците водеа со 4-0 кога во 84 минути од мечот настана хаос.

Хулигани, приврзаници на домашната екипа, влетаа на терен по што се упатија кон противничките навивачи и ги нападнаа.

Според информациите од Пиреја, има и повредени.

Последените информации се дека страстите се смириле, мечот продолжил и завршил со дотогашниот резултат.

Scroll to Top