Top Sport

ЛШ: Мората ги „крена“ Атлетико, Шахтјор и Динамо со возбудливо реми (видео)

Атлетико Мадрид успеа со 1:0 да го победи тимот на Баер Леверкузен за да се искачи на првото место во групата Д, додека Шахтјор Доњецк и Динамо Загреб, два тима кои се борат за второто место во групата Б, одиграа 2:2 во Украина.

По разочарувачкото прво полувреме, трите поени за „јорганџиите“ ги донее Алваро Мората во 78. минута, кога успеа да избегне една офсајд стапица и со глава да го совлада Лукаш Храдецки. Атлетико сега има две победи и едно реми во три меча во ЛШ, а во вториот меч од групата, Јувентус ја пречекува Локомотив Москва.

Динамо Загреб пак, прими гол уште во 16. минута преку Конопљанка, но потоа направи целосен пресврт и со головите на Олмо и на Оршиќ (од пенал) имаше 2:1 предност до 75. минута, кога Додо израмни за Шахтјор. Сити во оваа група има шест поени пред мечот со Аталанта, додека Шахтјор и Динамо имаат по 4.

Scroll to Top