Top Sport

Конте до новинарот: А, јас тебе да ти дадам еден совет што да пишуваш?

Тренерот на Интер, Антонио Конте не беше расположен да добива стратешки совети од новинарите пред дуелот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Ако во Серија А заостануваат само еден поен зад лидерите Јувентус, Интер имаа тежок старт на ЛШ со само еден поен од првите два меча, по што заостануваат зад Барселона и Дортмунд и им е потребен добар резултат дома оваа недела.

Еден од новинарите на прес-конференцијата му порача на Конте да го повика 23-годишното десно крило Валентино Лазаро и да го користи во 3-4-2-1 формација. Лазаро има само два настапи по доаѓањето од Херта во јули, но Конте не сакаше да прима совети.

„Благодарам за советот. Ако сакаш јас ќе ти дадам некој совет што да пишуваш. Штом почнуваш со тренерската професија, мојата работа, тогаш треба да ти советувам јас нешто за твојата. Лазаро не може да игра во 3-4-2-1.  Дојде од Херта, тим од средината на табелата и треба да имаме трпение со него“, врати Конте.

Scroll to Top