Кристијано Роналдо годишно има приход од фантастични 47.8 милиони долари преку спонзорирани постови на Инстаграм, цифра која ја надминува неговата годишна плата во Јувентус и го прави најплатениот „инфлуенсер“ на светот.
Според студијата на „Хопер ХК“, 34-годишниот Португалец добива по 975.000 долари за секоја реклама која ја пушта на своите 187 милиони следбеници, што е поголема сума од имиња како Ким Кардашијан.
Лео Меси за споредба, заработува околу 23.3 милиони долари годишно од Инстаграм, а најзачудувачки е тоа што Роналдо заработува 14.7 милиони долари повеќе од својата годишна плата во Торино.
„Роналдо е најследениот човек на Инстаграм и компаниите плаќаат речиси 1 милион долари за постови кои стигнуваат до милиони корисници“, вели Никола Кронин од „Хопек ХК“.