Top Sport

ЛШ: Дибала со магичен пресврт за Јуве, Звезда „настрада“ кај Тотенхем (видео)

Над 70 минути во Торино изгледаше дека Локомотив Москва ќе направи неверојатен подвиг и ќе го совлада италијанскиот шампион Јувентус во меч од ЛШ, пред на сцена да стапи Пауло Дибала и за две минути да направи пресврт за 2:1 победа.

Тотенхем пак, сите фрустрации од слабите резултати на стартот на сезоната ги „искали“ на Црвена звезда, која во Лондон загуби со 5:0, благодарение на Сон Хеунг-Мин и Хери Кејн, кои постигнаа по два гола. Во истата група, Баерн Минхен изддржа за 3:2 победа на гости кај Олимпијакос за да има максимални 9 поени по три меча.

Пари Сен-Жермен исто така е „совршен“ по три меча откако на гости го декласираше Бриж, откако Килијан Мбапе имаше хет-трик, а Мауро Икарди постигна два гола. Реал Мадрид пак, изддржа во „пеколот“ во Истанбул и  голот на Тони Крос во првото полувреме беше доволен за прва победа на „кралевите“ оваа сезона во ЛШ.

Без победа останува Аталанта, која на гостувањето кај Манчестер сити дојде во водство со гол од пенал, но ова само го налути англискиот шампион, кој на крајот славеше со 5:1 со хет-трикот на Рахим Стерлинг и двата гола на Серхио Агуеро.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА А

Клуб Бриж – Пари Сен-Жермен 0:5

Галатасарај – Реал Мадрид 0:1

Табела: 1.ПСЖ 9, 2.Реал Мадрид 4, 3.Бриж 2, 4.Галатасарај 0

ГРУПА Б

Олимпијакос – Баерн Минхен 2:3

Тотенхем – Црвена звезда 5:0

Табела: 1.Баерн М. 9, 2.Тотенхем 4, 3.Ц.Звезда 3, 4.Олимпијакос 1

ГРУПА Ц

Шахтјор Доњецк – Динамо Загреб 2:2

Манчестер сити – Аталанта 5:1

Табела: 1.Манчестер сити 9, 2.Динамо З. 4, 3.Шахтјор 4, 4.Аталанта 0

ГРУПА Д

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 1:0

Јувентус – Локомотив Москва 2:1

Табела: 1.Јувентус 7, 2.Атлетико М. 7, 3.Локомотив М 3, 4.Баер Леверкузен 0

ЈУВЕНТУС – ЛОКОМОТИВ МОСКВА

ТОТЕНХЕМ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

ГАЛАТАСАРАЈ – РЕАЛ МАДРИД

БРИЖ – ПСЖ

МАНЧЕСТЕР СИТИ – АТАЛАНТА

ОЛИМПИЈАКОСБАЕРН МИНХЕН

Scroll to Top