Во денешното 11. коло во Првата македонска фудбалска лига домашните екипи на сите пет меча извојуваа победи, и тоа без ниту еден примен гол.
Екипите на скопски Вардар и струмичка Академија Пандев се на врвот на табелата со по 24 бода, се уште актуелниот шампион, тетовска Шкендија заостанува цели 10 бода, а Работнички и по ова коло останува закован на последната позиција, со само 10 бода.
Денеска Вардар во Скопје славеше против Борец од Велес, а во Чаир Шкупи го совлада „фенерџијата“ Работнички. Во Струмица Академија Пандев ја торпедираше екипата на Македонија ЃП, додека шампионот Шкендија конечно победи, во Тетово против Силекс. Во петтиот денешен меч во Струга, домаќините славеа против Ренова.
Ова се сите денешни резултати:
Шкендија – Силекс 3-0
Академија Пандев – Македонија ЃП 4-0
Вардар – Борец 2-0
Шкупи – Работнички 2-0
Струга Трим Лум – Ренова 1-0
Вака изгледа табелата по 11 одиграни кола:
Вардар 24
А. Пандев 24
Македонија ЃП 16
Шкупи 16
Шкендија 14
Струга ТЛ 14
Ренова 13
Силекс 12
Борец 11
Работнички 10
Фото: ФК Вардар