Top Sport

Навивачите на Ѓоковиќ лути и нервозни поради карикатурата на АТП (фото)

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ од 4 ноември веќе нема да биде прв тенисер во светот. Од тронот на тениската АТП листа ќе го симне Шпанецот Рафаел Надал.

dobivaj vesti na viber

По речиси една година Ѓоковиќ ќе го напушти врвот на престижната тениска листа, а неговите навивачи тој факт не го прифатија баш најдобро, пред се поради карикатурата која ја објави тениската асоцијација АТП.

Навивачите на Ѓоковиќ (пред се оние од Србија) сметаат дека АТП со таквата карикатура го понижува тенисерот прикажувајќи го уплашен зад насмеаниот Надал.

На карикатурата има место и за трето, односно четвртопласираните тенисери на АТП листата, Швајцарецот Роџер Федерер и Русинот, Данил Медведев.

Scroll to Top