Словенија ја победи Македонија со 6:1 во првото коло од вториот квалификациски циклус за Светското првенство во футсал во 2020 година, за лош старт на натпреварувањето.
Следен меч за македонската репрезентација е дуелот со Косово, чија репрезентација загуби со 7:1 од Украина во вториот меч (дуелот се игра утре во 17.30 часот), додека на 27 октомври играме со Украина.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП, ГРУПА 2
Македонија – Словенија 1:6
Украина – Косово 7:1
Фото: ФФМ