На 30-годишнината од првата титула од Купот на шампионите на Југопластика, градот Сплит реши да го „избрише“ прекрасниот мурал посветен на генерацијата на Кукоч, Раѓа, Сретеновиќ и Маљковиќ, праќајќи комунални работници да ја завршат работата.
Дино Раѓа, дел од таа славна генерација, веднаш реагираше преку Фејсбук. Југопластика трипати едноподруго стануваше европски шампион (1988/89, 1989/90, 1990/91).
„Срамота. Ми се гадите, неостварени луѓе кои во животот ништо не сте направиле. Најголем успех им е кревање на партиската книшка. Продавање на црвена и црна магла за да ги прикриете своите срања. Не ви пречи тоа што ’Домот на младината’ 40 години не е довршен, стадионите и базените кои се распаѓаат, не ви пречи што летно време еден час не можеш да стигнеш во центарот, тоа што 20 години не можете да ги споите Трогир и Омиш, но ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот“, напиша Раѓа.