Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ од следната сезона би можел да побара нов тим, бидејќи не е задоволен од улогата која ја има во Сакраменто кингс, јавуваат повеќе американски медиуми, предводени од „ЕСПН“.
Богдановиќ одбил договор вреден 51 милиони долари за четири години бидејќи од следното лето може да добие и подобра понуда, но тогаш изјави дека постои можност да се договорат со тимот каде што генерален менаџер е неговиот сонародник, Владе Дивац.
Проблемот е во тоа што Херисон Барнс доби четиригодишен договор вреден 90 милиони долари, а Бади Хилд доби 94 милиони долари, со што Богдановиќ би можел да стане „шести играч“ во тимот, улога која тој смета дека е неприфатлива.
Богдановиќ ја почнува својата трета сезона во НБА, а во претеходните две имаше просек од 14.1 поени, 3.8 асистенции и 3.5 скокови со просек од 27.8 минути игра.