Американскиот фудбалер, Кристијан Пулишиќ постигна хет-трик во победата на челси нагости кај Барнли со 4-2 во рамки на 10. Коло од Премиерлигата.
Пулишиќ вторпат е во почетниот состав на Лампард во ПЛ, па возврати на најдобар можен начин.
Американецот беше стрелец на првите два гола за „сините“ во првото полувреме, во 21 и во 45 минута.
Тој до својот хет-трик стигна со погодокот за 0-3 во 56 минута, а веќе во 58 минута со голот на Вилијан, Челси имаше недостижна предност од 4-0.
Единствено што успеаја домашните да сторат до крајот на 90-те минути е да го ублажат водството на фаворитот. Во 86 минута Родригез погди за 1-4, а конечните 2-4 беа дело на МекНил во 89 минута.
Со денешната победа на Челси, инаку четврта во низа, тимот се проби на четвртата позиција на табелата.