Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вечерва беше стрелец на третиот гол за Џенова во пресврт-победата на неговиот тим против тимот на Бреша од 3-1.
Навивачите на стадионот „Луиџи Ферарис“ на југот на Италија имаа можноста да уживаат во играта на своите фудбалери во второто полувреме откако првиот дел резултатски и припадна на Бреша. Младиот италијански репрезентативец, Сандро Тонали постигна прекрасен гол од слободен удар, негов прв во Серија А.
По негативниот резултат на полувремето, новиот тренер на Џенова, Тиаго Мота во вториот дел направи комплетна прмена во напаѓачката линија на тимот.
Агудело влезе на местото на Радовановиќ, Пандев влезе во игра на местото на Лерагер, а Куаме го замени Гумус. Сите тројца нвовлезени фудбалери постигнаа по еден гол и ја оправдаа довербата на тренерот.
Најпрво Агудело постигна гол во 66 минута за 1-1. Потоа Куаме ефектно со волеј во 75 минута донесе водство од 2-1, а Пандев на асистенција на Куаме постигна убав гол во десниот горен агол за конечни 3-1 во 79 минута.
Со овие 3 бода Џенова направи скок од 2 позиции на табелата во Серија А.