Академија Пандев доживеа неочекуван пораз од 1:0 на гости кај Борец, со што дозволи Вардар по вчерашната победа во дербито против Работнички да им избега на 3 поени разлика.
Човек на одлука за Борец беше хрватскиот интернационалец Никола Прелчец, кој во 80. минута со прекрасен удар од десната страна донесе три поени за Борец, кои се сега на претпоследното деветто место нат абелата со 14 поени, само три помалку од позиција која носи на третото место.
Шкупи во најинтересниот и најефикасен меч успеа во финишот на мечот да постигне гол за 2:2 реми на гости кај Ренова за да се искачи на третото место на табелата, пред Македонија Ѓорче Петров, кои одиграа 0:0 против Шкендија во неделното дерби. Силекс е веднаш зад нив на шестото место по минималната 1:0 победа над Струга.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО
Борец – Академија Пандев 1:0
Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 0:0
Ренова – Шкупи 2:2
Силекс – Струга 1:0
Табела: 1.Вардар 27, 2.Академија Пандев 24, 3.Шкупи 17, 3.Македонија ЃП 17, 5.Шкендија 15, 6.Силекс 15, 7.Струга 14, 8.Ренова 14, 9.Борец 14, 10.Работнички 10
Фото: ФК Академија Пандев