Top Sport

Осака и Барти ги добија „маратоните“ на отварањето на ВТА финалето

Наоми Осака ја совлада Петра Квитова со 7:6(1)/4:6/6:4 во маратонскиот прв меч на ВТА финалето во Шенжен, Кина, добивајќи ја битката по 2 часа и 39 минути за своја прва победа на завршниот турнир во женскиот тенис.

Светската тенисерка број 3 од Јапонија го освои првиот сет во тај-брејк откако Квитова пропушти три брејк топки, но Чехинката се врати со брејк во вториот сет за да израмни. 22-годишната Осака, сепак, поведе со 5:2, пред Квитова повторно да направи брејк и да ја натера Јапонката да се помачи за победата.

И во вториот меч од „Црвената група“ на турнирот за најдобрите осум тенисерки во 2019, имаше борба во три сета, откако прворангираната Австралијка Ешли Барти со 5:7/6:1/6:2 ја доби Швајцарката Белинда Бенчич.

Актуелната шампионка, Украинката Елина Свитола е предводник на „Пурпурната група“ заедно со Каролина Плишкова, Симона Халеп и Бјанка Андреску.

Scroll to Top