Головите од центар во фудбалот се вистинска реткост, а голманите кои ги примаат се предмет на потсмев, но сите можат да му „носат вода“ на Масахиро Окамото, голманот на јапонскиот второлигаш Ехиме, кој успеа да прими два гола од центар, и тоа за 90 секунди!
Домашниот тим Мотедио Јамагата имаше 1:0 водство во второто полувреме, кога во мешаница на средината на теренот, Шун Накамура забележа дека голманот на Ехиме, Масахиро Окамото стои предалеку и успеа да го совлада.
Веднаш кога топката тргна од центарот, Ехиме ја загубија топката, а Тацухиро Сакамото забележа дека голманот повторно е предалеку од голот, и му даде уште еден гол!
„Киксот“ не можеме да го припишеме на неискусноста – голманот Окамото има 36 години.