Top Sport

Погба се враќа во декември

Пол Погба нема да се врати на фудбалските терени до декември, потврдил менаџерот Оле Гунар Солскјер по победата на Манчестер Јунајтед во Норич (3:1).

Францускиот репрезентативец го повредил скочниот зглоб на 30 септември. Сезонава тој има одиграно само шест натпревари за „црвените ѓаволи“.

Изминатите неколку недели Погба ги мина на рехабилитација во Дубаи.

Манчестер Јунајтед, в среда ќе играат против Челси во осмина-финалето во Лига купот, а во наредното коло ќе гостуваат кај Борнмут.

Scroll to Top