Францускиот ветеран Франк Рибери вели дека „му е многу жал“ за туркањето на помошникот судија Матео Пасери по контроверзниот пораз од 1:2 на Фиорентина од Лацио.
Рибери се јави преку Твитер со извинување за својата реакција по крајот на вчерашниот меч.
„Навистина ми е жал за вчера. Се извинувам на моите соиграчи, на тренерот и на фановите. Исто така сакам да му се извинам и на господинот Пасери бидејќи на крајот на мечот бев лут и тажен и се надевам дека ќе го разбере тоа. Секогаш сакам да им помогнам на моите соиграчи на теренот и дојдов во Фиренца за овој град и за овој клуб, и сметам дека Фиорентина треба да предизвикува повеќе внимание во медиумите како другите клубови“, вели Рибери.
Лега Серија А потврди дека Французинот добил црвен картон за инцидентот и најверојатно го чека казна од неколку меча.
— Franck Ribéry (@FranckRibery) October 28, 2019