Top Sport

Неверојатен подвиг на алпинистот Нирмал Пурја

Алпинистот од Непал Нирмал Пурја денес постигнал историски резултат, тој во рекорден период успеал да се искачи на 14 највисоки врвови во светот, повисоки од 8.000 метри.

За овој неверојатен подвиг на Пурја му биле потребни само седум месеци. Претходниот рекорд на Полјакот Јержи Кукичка изнесувам седум години, 11 месеци и 14 дена. Својата мисија тој ја завршил во 1987 година.

„Мисијата е завршена!“, напишал 36 годишниот Пурја кој походот кон рекордот го започнал во прил оваа година.

Во првиот дел од „Проектот 8.000“, тој се искачил на Анапурна (8.021 метари/23 април), Дуалагири (8.167/12 мај), Кангченџено (8.586/15 мај), Монт Еверест (8.848), Лотсе (8.516/22 мај) и Макалу (8.485/24 мај).

Месец дена подоцна тој се упатил кон Пакистан каде прв пат ја освоил планината Нанга Парбат (8.126/3 јули), а потоа се искачил и на Гашербрум 1 (8.080/ 15 јули), Гашербрум 2 (8.035/18 јули), К2 (8.611/24 јули) и Броуд Пик (8.051/26 јули).

Последната фаза од историскиот потфат Пурја ја започнал во септември кога ги освоил врвовите Чо Оју (8.188/23 септември) и Манасала (8.163/27 септември).

Денес на 29 октомври „паднал“ и последниот од вкупно 14 врвови повисоки од 8.000 метри, Шиша Пангма (8.027 метри).

Scroll to Top