Top Sport

Лукаку со супер-гол го врати Интер на првото место (видео)

Интер, барем привремено, се врати на првото место во италијанскиот шампионат, по тешката 2:1 победа на гостувањето кај Бреша, нивна осма победа во 10 кола во Серија А.

Лаутаро Мартинез во 23. минута имаше среќа, откако неговиот удар од далечина, заврши во ногата на еден дефанзивец на домашниот тим и го лобуваше голманот Енрико Алонсо. Лукаку, до својот седми гол во 10 кола во италијанскиот шампионат дојде во 63. минута со фантастичен удар од над 20 метри.

Сепак, финишот на мечот беше „интензивен“ за „нераѕурите“, откако во 76. минута, Милан Шкринијар си постигна автогол.

СЕРИЈА А, 10.КОЛО

Бреша – Интер 1:2

Парма – Верона 0:1

Scroll to Top