Top Sport

Меси и сѐ е полесно – Барса го „прегази“ Валјадолид за првото место (видео)

Лионел Меси постигна два гола и имаше две асистенции за да ги предводи Барселона до убедлива 5:1 победа над Реал Валјадолид со која Каталонците (барем привремено) се враќаат на првото место во Ла лига.

Клемен Ленгле им донесе водство на домаќините на „Ноу Камп“ по само две минути игра, меѓутоа веќе во 15-тата минута стигна израмнување преку Кико. Артуро Видал повторно ги врати Барса во водство во 25. минута, на астистенција на Меси, по што самиот Меси во 34. минута од мечот постигна фантастичен гол од слободен удар, негов 50. во кариерата за предност од два гола на полувреме.

Во 75. минута, Меси повторно се запиша во листата на стрелците со убав пробив во шестнаесетникот, за само две минути подоцна да му асистира на Луис Суарез за конечните 5:1.

Со победата, Барселона е на првото место во Ла лига со 22 поени, два повеќе од Гранада (со натпревар помалку) и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top