Рафаел Надал има 12 титули од Париз, но ниту една од Мастерсот во француската престолнина, туку сите од елитниот Ролан Гарос.
Шпанецот има уште еден обид да ја пополни колекцијата на трофеи пред да се врати на првото место на АТП листата, и го стартуваше со тешка, но заслужена 7:5/6:4 победа над локалниот фаворит Адријан Манарино.
За Надал ова беше победа во првиот конкурентен меч по Лејвер купот минатиот месец, и адаптацијата на индорс хардкорт подлога му одеше тешко. Следниот тест за Надал ќе биде уште посериозен, бидејќи „налетува“ на Стен Вавринка, кој вчера го елиминираше Марин Чилиќ.