Златан Ибрахимовиќ би можел да остане во Лос Анџелес Галакси уште една сезона, иако неодамна самиот најави дека ќе се врати во Европа. Наредната недела фудбалерот и клубот ќе преговараат за условите под кои Ибрахимовиќ би останал во ова франшиза.
Наредниот месец завршува договорот на Ибрахимовиќ со Лос Анџелес Галакси. Шведскиот напаѓач тврди дека иако има 38 години може да игра на врвно ниво во Европа.
„Го познавам долго, имаме договор да седнеме и да разговараме кога ќе се смират работите. Ќе ги разгледаме сите опции за да решиме што е најдобро за него и неговото семејство. Ибрахимовиќ е сам по себе тема, уникатен карактер, мислам дека многу ни помогна со своите голови“, рекол генералниот менаџер на Галакси, Денис те Клосе.
„Наредната недела ќе поразговараме. Тој е искусен спортист, значи ќе разговараме како возрасни луѓе, а пота ќе решиме што е најдобро за двете страни“, порачал генералниот менаџер на франшизата.
Ибрахимовиќ во Галакси е две сезони, во кои постигнал 53 гла на 59 натпревари.