Top Sport

Новак го декласираше Циципас, следен е Димитров!

Првиот носител на Мастерсот во Париз и сè уште актуелен светски тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ имаше совршена одмазда против Стефанос Циципас, дозволувајќи му само три гема во 6:1/6:2 тениската лекција во четврт-финалето во Берси.

Циципас на Мастерсот во Шангај успеа со пресврт да го совлада Ѓоковиќ и да направи позитивен скор против него (2:1), но во Париз овојпат немаше шанси против расположениот Србин, кој првиот сет го освои за само 29 минути, а целиот меч го комплетираше за неполн час (59 минути).

За финале Ѓоковиќ ќе се бори со најдобриот бугарски тенисер, Григор Димитров, кој со 6:2/7:5 го победи Чилеанецот Кристијан Гарин. Во другите две четврт-финалиња вечерва се среќаваат Рафаел Надал и домашниот фаворит Жо-Вилфрид Цонга, односно Гаел Монфис и Денис Шаповалов.

Scroll to Top