„Лордот“ Никлас Бендтнер има нова автобиографија (Двете страни) и еден извадок од неа го предизвика вниманието на фудбалската јавност во Англија – моментот кога замалку ќе се степал со легендата на клубот, Тјери Анри.
Бендтнер, кој пристигна во Арсенал како 16-годишник и блескаше во јуниорските категории, пред да има многу потешка задача во сениорскиот тим. Сепак, ако е вистинита неговата книга, барем имал „јајца“ да му се спротистави на Анри.
„На тренинг игравме 11-на-11 со правило за максимум два допири на топката. И го гледам Тјери Анри како ја допира топката трипати. Викам: ’Три удари’, но Анри се сврти кон мене и го стави прстот на устата: ’Шшшш…“. Кратко потоа, јас го направив истото и ми велат: ’три удари’. Почнав да се жалам, да викам дека треба да биде исто за сите. Анри ми вели да замолчам, овојпат со многу пцуење. И тоа беше добар совет. Но, јас одам кон него и врескам дека тој треба да замолчи. Дојдовме еден до друг, па се вмешаа Ешли Кол и Сол Кемпбел. На крајот се смирив. Така е кога еден од најдобрите напаѓачи на светот ти вреска“, објаснува Бендтнер.
Сепак, на крајот, приказната има „хепиенд“.
„По тренингот Анри дојде и почнавме да зборуваме, прво во соблекувалната, а потоа и надвор. По два часа средивме сè. За мене беше чест, бидејќи тој не мораше да направи ништо. На крајот се гушкавме“, вели Бендтнер.
„Лордот“, како што го нарекоа навивачите на Арсенал, помина 10 години кај „топчиите“ и имаше 45 гола во 71 настап. Во моментов, тој настапува за домашниот Копенхаген.
An extract from Nicklas Bendtner’s new book. Henry should have his statue removed for disrespecting and cheating against the Lord. The Irish will back me up. pic.twitter.com/7PkRvxY3km
— Niall ㋡ (@niallmoran_) November 1, 2019