Top Sport

Александер-Арнолд: Го потценив Рашфорд и тој ме уништи (видео)

Бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд вели дека најтешката индивидуална битка во Премиер лигата ја имал во 2018 година против Манчестер јунајтед, кога го „потценил“ Маркус Рашфорд и тој успеал да го надигра.

Во тој меч, Жозе Мурињо го постави Рашфорд на левата страна и тој постигна два гола во првите 24 минути за 2:1 победа на 10 март 2018 година. 21-годишниот Александер-Арнолд го имаше својот 15-ти старт во Премиер лигата и признава дека бил „уништен“ пред да биде заменет во 80-тата минута и додава дека и покрај борбите со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, тоа му останува најтежок меч.

„Тој дуел со Јунајтед беше најтежок во смисла на директен противник и некој кој ме совлада во професионалниот фудбал. Секако, го потценив, но мислам дека научив многу. Како фудбалер на Ливерпул, меч со Јунајтед е најлошото можно време да имаш таков натпревар. Го мразев“, вели Александер-Арнолд.

Scroll to Top