Поранешниот дефанзивец на Лион, Крис признава дека неговиот бразилски сонародник Робињо му бил „посебна мета“ на терените додека тој играше за Реал Мадрид бидејќи се навредил од тоа што Робињо не знаел кој е тој.
Крис, кој играше за Лион од 2004 до 2012 година, открива дека дуелите во Лигата на шампионите му носеле посебно задоволство, посебно дуелот со Реал Мадрид.
„Игравме против Реал Мадрид кога Робињо беше таму. Тој пред натпреварот го прашуваше мојот соиграч Жунињо кои се нашите стопери, по што Жунињо ми кажа дека не ме познава мене. Решив да му се претставам на најдобар начин. Кога доби топка, го удрив одзади и оттогаш знаеше кој сум јас. Сè му беше јасно“, открива 42-годишниот Крис.