Возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Малезија. За младиот француски возач петти пат во сезоната ќе стартува од челната позиција.
Квартараро до пол-позицијата дојде со најбрз круг во историјата на патеката во Сепанг 1:58.303 минути. Нејверојатниот ден за Петронас Јамаха го комплетираше Франко Морбидели кој со време 1:58.332 минути го освои третото место.
The perfect weekend continues for @sepangracing at home! ?
Pole position and an all-time lap record for @FabioQ20! ?#MalaysianGP ?? pic.twitter.com/4LE3aIpEkb
— MotoGP™? (@MotoGP) November 2, 2019
Меѓу возачите на Петронас Јамаха ќе стартува Маверик Вињалес со фабричката Јамаха . Вториот ред на стартот го комплетираа Џек Милер (Прамак Дукати), Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) и Валентино Роси (Јамаха).
Следуваат Алекс Ринс, Данило Петручи, Жоан Зарко и Андреа Довициозо, додека светскиот првак Марк Маркез ќе стартува од 11 место. Шпанецот од толку ниска позиција не стартувал трка од 2015 година.