Тренерот на пари Сен Жермен Томас Тухел признал дека напаѓачот Единсон Кавани не бил задоволен од статусот што го имал во тимот.
Уругваецот е најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, за шест сезони тој има постигнато 195 гола. Меѓутоа повредата и добрата форма во која се наоѓа Мауро Икарди го заковаа Квани за клупата.
„не е среќен, нема трпение, што е нормално. Мора да се бори за да го најде вистинскиот ритам кој е го врати во посакуваната форма.Кавани е нашиот голгетер, еден е од најдобрите во клубот…Не е лесно кога гледата дека тимот и без вас игра добро“, рекол Тухел.
За услугите на Кавани интерес покажале неколку екипи од САД, а од европските клубови за Уругваецот биле заинтересирани Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.