Поранешниот тренер на Тотенхем, Клајв Ален открива дека неговиот поранешен играч Беноа Асу-Екото му признал дека сака да стане порно-ѕвезда кога ќе заврши неговата кариера.
Камерунецот играше за Тотенхем од 2006 до 2015, а играше и за Квинс парк ренџерс, добивајќи репутација на „необичен“ фудбалер кој призна дека фудбалот не му е страст, туку само професија. Во новата книга на Ален, тој го открива разговорот со Есу-Акото.
„Јас го прашав што ќе прави кога ќе заврши со фудбалот, тој јасно ми одговори: ’Мислам дека ќе бидам порно-ѕвезда’. Беше многу смирен и јас се насмеав. ’Не, јас сум сериозен, зошто да не?’. Не знаев што да кажам. Се обидов пак да направа шега: ’Беноа, кога ќе го направиш првиот филм, сакам билети за премиерата’. Тој не ме сфати дека се шегувам: ’Нема проблем, тренеру’“, вели Ален.
Ова не е прпвпат Асу-Екото да се поврзува со оваа професија, откако поранешниот прв човек на Тотенхем, Хери Реднап имаше слични коментари во 2017. Запрашан дали сака да го донесе во Бирмингем сити во втората англиска лига, Реднап беше јасен.
„Единствениот проблем е што тој призна дека сака да биде порно-ѕвезда. Ќе видам дали ќе го убедам“, вели Реднап.
Асу-Екото сепак, не дојде во Бирмингем, и лани ја заврши кариерата како фудбалер на Мец во Франција. Останува да се види дали ќе го оддржи ветувањето.