Лука Дончиќ минатата сезона беше прогласен за најдобар „руки“ во НБА лигата, воодушевувајќи ги и американските фанови со својата зрела игра за своите години, а по сè изгледа тоа наскоро добро ќе му се исплати.
Откако во својата кариера имаше партнерство со „Најк“ за носење на патики, оваа сезона тој договор истече, а американските медиуми веднаш воочија дека тој носеше „Кари 7“ модел на компанијата „Андер армор“, по што следуваа шпекулации дека тој веќе има пред-договор со американската компанија.
Luka rocking the Curry 7 last night! Will he sign with UA? ? #underarmour #curry7 #dexview #lukadoncic #doncic #mavs #nike pic.twitter.com/XOwK7ex2G6
— DexView (@Dexluger) November 2, 2019