Top Sport

Билд: Ковач (засега) е сигурен во Баерн, Кориере: Алегри е подготвен

Нико Ковач е под притисок, но нема да биде сменет наскоро, тврди германскиот таблоид „Билд“, но во исто време италијанскиот „Кориере дело спорт“ додава дека поранешниот тренер на Јувентус, Масимијано Алегри е подготвен да ја преземе одговорноста кај Баерн Минхен доколку Хрватот го загуби работното место.

По сите критики за играта оваа сезона, во саботата Баерн доживеа катастрофален 5:1 пораз од поранешниот тим на Ковач, Ајнтрахт Франкфурт, по што падна на четвртото место во Бундеслигата со 18 поени, четири помалку од лидерот Борусија Менхенгладбах.

И покрај шпекулациите за брз отказ, според „Билд“ воопшто немало состанок на првите луѓе на Баерн и решиле да му дадат уште една шанса на Хрватот.

Од друга страна „Кориере дело спорт“ вели дека Алегри би ја прифатил понудата за да застане на чело на германскиот гигант како трет Италијанец на оваа позиција по Џовани Трапатони и Карло Анчелоти. Алегри реши да паузира пред да преземе нова обврска откако беше отпуштен од Јувентус по пет титули едноподруго во текот на летото.

Scroll to Top