Светската тенисерка број 1, Австралијката Ешли Барти со 6:4/6:3 ја победи актуелната шампионка, Украинката Елина Свитолина во финалето на женскиот завршен турнир во кинескиот Шенжен за да добие рекордни 4.42 милиони долари, најголема исплата за освоен турнир во машкиот или женскиот тенис.
Барти пред овој меч имаше 0-5 скор против Свитолина, но ја потврди својата неверојатна форма оваа година со едноставна победа. Барти не го освои максималниот чек од 4.75 милиони долари, откако загуби во мечевите по групи од Кики Бертенс. 23-годишната Барти оваа година се искачи на првото место на ВТА листата по титулата од Ролан Гарос, каде што со 6:1/6:3 ја победи Маркета Вондроушова. Таа исто така победи и во Мајами и во Бирмингем.
Сумата од 4.42 милиони долари е повисока од таа која ќе ја добие машкиот шампион на АТП финалето во Лондон овој месец (2.7 милиони долари), како и од најскапите турнири на светот – Вимблдон (3 милиони долари) и САД опен (3.8 милиони долари).
That’s the match and the title!@ashbarty beats Svitolina 6-4, 6-3 to win the Billie Jean King Trophy at the @SHISEIDO_corp @WTAFinals Shenzhen! pic.twitter.com/eiiiXs84rY
— WTA (@WTA) November 3, 2019