Top Sport

Каљари ја доби Аталанта по глупоста на Иличиќ (видео)

Каљари се искачи на четвртото место во Серија А со 21 поен, исто колку и третопласираната Аталанта, по импресивната 2:0 победа токму на гости кај клубот од Бергамо.

Тимот од Сардинија дојде во водство во 32. минута преку автоголот на Марио Пашалиќ, а клучниот момент се случи неколку минути подоцна, кога Словенецот Јосип Иличиќ доби директен црвен картон по бизарна реакција на едно туркање.

Кристијан Олива во 59. минута ја потврди победата на гостите, кои сега немаат пораз во последнит шест натпревари.

Scroll to Top