Последниот денешен меч од 11. коло во англиската Премиер лига помеѓу Евертон и Тотенхем заврши 1:1, но мечот ќе остане забележан по хорор-повредата на Андре Гомеш и лудите сцени кои следуваа по овој инцидент во 79. минута од мечот.
Тотенхем поведоа преку Деле Али во 63. минута од мечот, но истиот фудбалер подоцна беше дел од еден контроверзен момент, кога неговата игра со рака во сопствениот шестнаесетник беше прогласена како ненамерна и не беше досуден пенал и по консултацијата со ВАР системот.
Но, најстрашниот момент се случи во 79. минута, кога Хеунг-Мин Сон стартуваше одзади над Андре Гомеш, а Португалецот потоа удри во Серж Орие, добивајќи страшна фрактура на десната нога.
По ова, и самиот Сон беше во шок и во солзи кога ја забележи повредата на Гомеш, пред да добие црвен картон.
Евертон успеа да израмни во 97. минута од мечот преку Ченк Тосун, за мала утеха на клубот од Ливерпул.
Andre Gomes leg break
Hate seeing things like this happen, to such a great player too!!#EVETOT #gomes pic.twitter.com/m8ilxmE7Mc
— JW (@JackWilky_95) November 3, 2019