Top Sport

Јуриќ: Балотели не го навредуваа расистички, и мене ме викале „посран циган“

Тренерот на Верона, Иван Јуриќ инсистира дека е „згрозен“ од расистичките навреди, но додава дека немало такви извици кон ѕвездата на Бреша Марио Балотели, туку дека се работело за „обични“ навреди.

Балотели се закани да си замине во текот на мечот на „Бентегоди“ откако слушна нешто од трибините каде што беа ултрасите на Верона, по што мораше да биде убедуван да остане на теренот, па постигна убав гол, кој не беше доволен и Верона стигна до 2:1 победа. Хрватот Јуриќ вели дека немало расизам.

„Не ми е страв да кажам дека денеска немаше расистички извици. Можеби го свиркаа и се потсмеваа со голем фудбалер, но немаше ништо расистички. Ништо! И мене ме викаа ’посран циган’ многу пати во Италија, бидејќи очигледно сметаат дека странците се виновни за сè, но тоа не беше денеска случајот. Прашајте го! Го провоцираа, но немаше расизам“, вели Јуриќ.

Балотели сакаше да замине од теренот откако добиваше расистички навреди (видео)

Scroll to Top