Холандската спринтерка Мадиеја Гафур, која има настап на Олимписките игри, доби затворска казна од осум и пол години за криумчарење дрога.
Според германската новинска агенција „ДПА“, судот во малото германско градче Клеве ја прогласи Гафур виновна за свесно шверцување на 50 килограми екстази и 2 килограми метамфетамини од Холандија во Германија во јуни. Одбраната тврдеше дека таа бидејќи земала недозволени допинг-средства, мислела дека пренесува такви средства, а не дрога.
27-годишната Гафур стигна до финалето на Европското првенство на 400 метри минатата година, а во 2016 година во Рио ја претставуваше Холандија како дел од 4х400 метри штафетата.