Top Sport

Агире ќе ги спасува Леганес

Леганес потврдија дека екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи искусниот мексикански тренер Хавиер Агире.

Кормилото на тимот по заминувањето на Маурисио Пелегрино привремено го држеше тренерот на „Б“ тимот, Луис Сембранос.

Пелегрино беше тренер на Леганес од 2018 година, минатата сезона го освои 13 место во Ла Лига.

Агире по неколку години се враќа во шпанскиот фудбале каде во минатото ги тренирал Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса и Еспањол.

Мексиканецот нема работа од јули кога доби отказ на селекторската функција во репрезентацијата на Египет.

Scroll to Top