Top Sport

СЕХА: Нов пораз за Еурофарм Работник, Мешков триумфално во Битола (видео)

Еурофарм Работник го забележа третиот последователен пораз во СЕХА лигата, откако Мешков Брест во Битола победи со 35:32 (18:17). Битолскиот клуб претходно ја стартуваше сезоната во СЕХА лигата со три победи во низа и сега е на четвртото место во групата Б зад Веспрем, Мешков и ППД Загреб.

Мешков дојде до 4:1 водство на стартот на мечот,  кое го заддржаа до крајот на мечот, контролирајќи ја играта и резултатот. Ловро Јотиќ имаше осум постигнати голови за домашниот клуб, а Гоце Ојлески додаде шест гола. Микита Ваипалу повторно беше „бомбардер“ за белорускиот клуб, постигнувајќи неверојатни 14 гола.

СЕХА ЛИГА

Веспрем – Спартак Москва 37:32 (17:13)

Еурофарм Работник – Мешков Брест 32:35 (17:18)

Scroll to Top