Top Sport

Ерера: Некогаш фудбалот во Јунајтед не беше приоритет

Андер Ерера во едно интервју говорел за животот во Париз и се потсетил на деновите во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот играч на Атлетик Билбао летово како слободен играч од Манчестер Јунајтед се пресели во Пари Сен Жермен. Ерера бил изненаден од високото фудбалско ниво во новиот клуб.

„Искрено бев среќен во Манчестер Јунајтед. Но имав чувство во некои моменти дека фудбалот во клубот не е најважната работа. Не знам како да го објаснам тоа. Едноставно изгледаше дека фудбалот не е прв приоритет во Јунајтед. Не сакам да ги споредам двата клуба, но имам чувство дека во Париз буквално го дишам фудбалот“, рекол Ерера.

„Не можам да зборувам какви биле ПСЖ претходно, но она што го гледам сега е дека овде се се врти околу фудбалот. Сакам да го кажам ова за луѓето од надвор кои ја гледаат само гламурозната страна на приказната. Овде сите работиме напорно, тренираме и се подготвуваме“, заклучил Ерера.

Scroll to Top