Top Sport

Бартомеу: Во овој момент Валверде е идеален за нас

Претседателот на Барселона Џосеп Марија Бартомеу, во интервју за АП, рекол дека Ернесто Валверде е идеален тренер за тимот во овој момент. Бартомеу говорел за актуелниот момент во кој што се наоѓа клубот, како и за плановите за во иднина.

„Во наредните две-три сезони лидер на нашиот тим ќе биде Меси. Но, јасно е дека доаѓаат младите играчи. Задоволни сме бидејќи се подготвуваме за она што следува кога Меси ќе се пензионира“, рекол Бартомеу.

Маси има договор со Барселона до 2021 година, а претседателот се надева дека тој и по истекот на договорот ќе остане во клубот.

Одговарајќи на прашањето за тренерот Валверде, Бартомеу рекол дека тој ја има неговата поддршка.

„Оваа сезона имаме неколку млади играчи во тимот, тој процес на адаптација мора да помине. Веруваме дека во овој момент идеален тренер за нас е Валверде. Важно е од тие млади играчи да се направи група која ќе напредува и која ќе бележи успеси. Веруваме дека тоа Валверде може да го направи“, заклучил Бартомеу.

Scroll to Top