Top Sport

ВАР ги спаси Тотенхем од пораз (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем ремизираа 1:1 со Шефилд Јунајтед во 12 коло во Премиер лигата. Екипата на Маурицио Покетино нема победа на последните пет натпревари во првенството.

Тотенхем имаа предност од 58 минута, кога пред голот на Шефилд најдобро се снајде Сон. Две минути подоцна Шефилд постигнаа гол кој беше поништен по прегледувањето на снимката.

Снимката сепак не покажа дека одлуката била исправна.

За храбриот пристат што го имаа во текот на целиот натпревар фудбалерите на Шефилд Јунајтед без наградени во 78 минута кога Балдок израмни и ги постави конечните 1:1.

Тотенхем со само 11 бода се наоѓа на 11 место на табелата, додека Шефилд се петти со 17 бода. Екипата на шефилд Јунајтед се уште немаат пораз на гостински терен оваа сезона.

Резултати:

Барнли-Вест Хем 3:0
Саутемптон-Евертон 1:2
Њукасл-Борнмут 2:1

Scroll to Top