Ракометарите на Еурофарм Работник го доживеаја најтешкиот пораз од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите. Вечерва во Лисабон, Спортинг го победи македонскиот вице-првак со 36:26 (17:11).
Играчите на Стевче Алушевски беа во натпреварот до резултатот 6:6, потоа Спортинг со серија 12:2 обезбеди комотна позиција за остатокот од натпреварот.
Најефикасни кај Еурофарм беа Остроушко и Јотиќ со по осум гола, а се истакна и голманот Митрвски со 13 интервенции. На спротивната страна Роча постигна седум, а Руесга шест гола.
Во наредното коло Еурофарм ќе ја пречека екипата на Савехов на 17 ноември.
фото/facebook.com/rkeurofarmrabotnik