Top Sport

Реал се прошетаа низ Еибар (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа седмата победа во сезоната откако убедливо триумфираа во Еибар со 4:0.

На „Ипуруа“ избраниците на Зинедин Зидан победата ја обезбедија по само 30 минути игра. Бензема постигна гол во 17 минута, а три минути потоа погоди од пенал Серхио Рамос. Реал добија уште еден пенал во 29 минута, а реализитор беше Бензема.

Еибар имаше дведобри шанси во судиското надополнување на времето во првото полувреме но Куртоа остана несовладан. Жестокот домаќините протестираа во 56 минута кога и по прегледувањето на снимката не добија пенал.

Пет минути потоа Феде Валверде со својот прв гол сезонава го постави конечниот резултат.

Scroll to Top