Агонијата на Наполи продолжи вечерва на фудбалскиот терен. Наполитанците не успеаја да ја победат Џенова на „Сан Паоло“. Натпреварот заврши со резултат 0:0.
Наполи во сезоната влезе со големи амбиции, која само по 12 рунди се претвора во катастрофа.
Тимот на Карло Анчелоти на последните четири натпревари нема победа и има освоено само три бода.
Имаа Наполитанцте шанси да забележат победа, меѓутоа голот на Џенова одлично го бранеше Раду.
Македонските репрезентативци Горан Пандев и Елиф Елмас беа актери на овој меч. Пандев играше до 80 минута, додека Елмас на теренот влезе во 66 минута.