Атлетик Билбао со спектакуларниот гол на Кепа забележаа победа над Леванте 2:1. Бекот на Билбао во 88 минута фати волеј на некои 18 метри од голот на Леванте и го совлада Аитор Фернандез.
Капа е херојот на Билбао бидејќи покрај голот тој му асистираше на капитенот Мунаин во 57 минута за израмнување на резултатот.
Претходно Леванте поведа со голот на Серхи Постига постигнат во последните секунди од првото полувреме.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч за Леванте, тој доби жолт картон во 49 минута.