Од вечерва во ракометната Лига на шампиони нема повеќе непоразени екипи. Порто приреди вистинска сензација откако во Германија го победи Кил 28:27.
Кил во најголемиот дел од натпреварот го контролираа резултатот иако немаа поголема предност од четири гола, впечатокот беше дека рутински ќе забележат победа. Сепак Германците им дозволија на противниците да се вратат по мечот откако ја испуштија предноста 20:16.
Натпреварот потоа влезе во неизвесна звршница во која Португалците ги постигнаа последните два гола. Откако Винчек погоди за предност на Кил 27:26, за Порто погодија Фернадес и Соуса.
Алварез со шест и Салина со пет гола го предводеа Порто до сензационалната победа. Кај Кил најефикасен беше Екберг со седум гола.
Кил и покрај поразот останаа лидери во Б-групата со 11 бода, два повеќе од Вардар и Монпелје. Порто има осум бода колку што досега собраа Веспрем и Кјелце. На дното на табелата во групата се Мешков Брест со два и Мотор Запорожје со еден бод.
Porto sensationally upset Kiel
FC Porto sensationally upset @THW Kiel in the Sparkassen Arena on Sunday. Watch a dramatic last 30 seconds, where goalkepeer Alfredo Quintana makes a save before Rui Silva scores the winning goal.
Posted by EHF Champions League on Недела, 10 ноември 2019