Фудбалерите на Јувентус го совладаа Милан 1:0 во последниот натпревар одигранн во 12 коло во Серија А.
Јувентус не блескаа но сепак успеаја да забележат победа со која се вратија на челната позиција на табелата. Милан, од друга страна, го одиграа најдобриот меч од почетокот на сезоната, но ниту тоа не им помогна да останат непоразени во Торино.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 55 минута кога Паоло Дибала со соло пробив се ослободи од Ромањоли, а потоа со десна го погоди спротивниот агол.
Она што секако го обележа овој меч е деталот од 55 минута кога тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, реши да го извади од игра Кристијано Роналдо. Нешто слично Сари направи и во средата во против Локомотив во Москва.
Португалецот откако мораше да ја напушти играта не се упати кон клупата туку продолжи директно во соблекувалната.
Looooool no way Cristiano Ronaldo subbed off and booed by Juve fans? Dont kill me ??https://t.co/ifdt1xcGAG
— Ahmed??∞ (@MessiCuIe) November 10, 2019