Top Sport

Вејтерс поради гумените бомбони „покус“ за два милиони долари

Бекот на Мајами Хит, Дион Вејтерс, остана без десет дневна плата поради инцидентот што го предизвикал во клупскиот авион кога се предозирал со гумени бомбони.

Вејтерс, кој поради суспензија се уште нема одиграно натпревар, се онесвестил во текот на летото од Финикс до Лос Анџелес. Тој се предозирал со гумени бомбони со ТХЦ (психо-активна супстанца од марихуана) и доживеал напад на паника.

Од франшизата одбиле да го коментираат инцидентот, туку само изјавиле дека биле разочарани од однесувањето на Вејтерс.

Поради оваа суспензија Вејтерс ќе остане директно без два милиони долари. Десет дена од неговата плата се 800.000 долари, а ќе остане без 1,32 милиони долари ако одигра помалку од 70 натпревари во сезоната, што сигурно ќе се случи.

Вејтерс поради добрата форма во која се наоѓаат дебитантите Тајлер Хиро и Кендрик Нан веќе го загуби местото во ротацијата.

Дион Вејтер има две годишен договор со Мајами вреден 25 милиони долари.

НБА-играч се предозирал со гумени бомбони

 

Scroll to Top