Top Sport

НБА-играч се предозирал со гумени бомбони

Кошаркарот на Мајами Хит Дион Вејтерс се онесвестил во авион откако претходно консумирал голема количина на гумени бомбони. Бизарниот детал се случил во текот на летото од Мајами кон Лос Анџелес.

Вејтерс паднал во несвест, поради што веднаш му била укажана лекарска помош.

Бекот не играше против ЛА Лејкерс во натпреварот кој неговиот соиграчи го загубија 95:80. Интересно тој се уште нема одиграно натпревар сезонава, бидејќи беше под суспензија.

Интересно Вејтерс слатките работи се дел од диетата на Вејтерс. Слична диета во минатото практикувал Ламар Одом, кој поради тоа го добил прекарот „Кендимен“.

Scroll to Top